ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

СТАРОСНА ДИЕТА

 

starosna dijeta

...или Диета за вашите години

Веројатно знаете колку е потешко да се намали вишокот на килограми кога , да речеме , имате 30 години во однос на времето кога сте имале 20 .А ако имате преку 40 – тешкотиите се уште поголеми.Секоја година вашиот метаболизам се успорува и тоа е причината што,колку сте постари ,мора повеќе да водите сметка за диетата која ви одговара баш на вас и на вашите години.Здрава диета и здрав животен стил стануваат се поважни како годините одминуваат.

Затоа да погледаме што се препорачува за различните животни периоди – можеби ќе добиете идеја зошто некоја диета “ не ви оди” или килограмите поспоро се топат отколку што сте планирале...


Ако имате 20 – 29 години

Не е вообичаено да постојат сериозни проблеми со тежината во овие години.Може да намалите неколку килограми без поголеми проблеми.Најдобар начин за намалување на килограмите е овошната диета.Овошјето е богато со витамини и е одлично во комбинација со физичката активност.Пектинот,овошната киселина и калиумот – најчести состојки на овошјето – ги согоруваат калориите,го подобруваат метаболизамот и варењето.

Еве ви пример на згодна диета со јаболка за вашите години :

  • Појадок: 1 јаболко и каша од една лажица овесни снегулки преку ноќ потопени во јогурт со малку млечна маст.
  • Ужина: 1 јаболко
  • Ручек:Исецкајте едно јаболко на листови,додајте 2 полни лажици спанаќ кој предходно сте го подготвиле на пареа 2 минути и сето тоа прелијте го со сос од јогурт со намалена масленост, една лажичка природен оцет од јаболко и една лажичка вода.
  • Ужина: 1 јаболко и 3 ореви
  • Вечера: Исецкајте едно јаболко на коцки, исцедете преку неа лимон а потоа додадете 125 гр изронето сирење со намалена масленост.

Ова диета држете ја три дена ,бидете вообичаено активни и може да сметате на намалување од 2 – 3 килограми.

Ако имате 30 – 39 години

Кога ќе ја поминете триесетата година вашиот метаболизам се успорува.Треба да го намалите внесот на калории дури и ако сте физички активни.Не обидувајте се брзо да слабеете.Тоа ќе ве направи неколку години постари затоа што вашата кожа ќе стане опуштена и набрчкана. Колку сте постари тоа поспоро треба да слабеете.Ваша цел во оваа животна доба треба да биде намалување од 2 – 2,5 кг,месечно.Идеалната диета за вас се состои од зеленчук затоа што на овој начин нема да имате “ напади на изгладнетост “ и осцилации во тежината.Исто така треба да воведете редовно вежбање,масажа и нега на кожата која ќе ви ја обезбеди нејзина еластичност.Не планирајте вежбање во деновите кога се придржувате до диетата.

Еве еден пример на диета со зеленчук:

  • Појадок: Измешајте по една лажица овесна каша и корнфлекс ,додадете млеко со намалена масленост и 1 рендан морков.
  • Ужина: 1 краставица
  • Ручек: 2 варени компира ( со лушпа ) со полно салата од зеленчук ( може да користите било кој зеленчук)
  • Ужина: 1 црвена слатка пиперка
  • Вечера:  салата од зеленчук и едно парче р,жен леб.


Ако имате 40 до 49 години

Скоро секоја жена после четиристиете години има проблем со тежината.Мажите се во подобра ситуација па ќе се фокусираме на жените ( но и за мажите важат истите диетни услови).Значи, драги мои ,вашата мускулна маса се намалува ,а масните наслаги се зголемуваат поради хормоналните промени.Најголема количина на храна треба да конзумирате во текот на првиот дел од денот и да имате лесна вечера во раните вечерни часови.Не треба да земате повеќе од 30% маснотии од вашиот вкупен дневен калориски внес.Користете растителни масла. Јадете риба и морски плодови редовно.

Во ова животно доба вашето тело почнува да ја задржува течноста.Идеална диета за вас е со ориз и ќе ви помогне да го одржите здраво нивото на течноста во организмот.

Еве пример на диета со ориз :

Сварете го оризот ( 150 гр ) и поделете го на 3 порции.Сите порции помешајте ги со додатни протеини и тоа према овој распоред :

  • Појадок: Ориз со еден јогурт со намалена масленост и лажичка мед.
  • Ручек: Ориз и 150 гр варена риба или пилешко месо.
  • Вечера: Ориз со зеленчук на пареа и една лажичка растително масло.

Не додавајте сол затоа што тоа ќе доведе до здржување на течноста во телото.Може да додадете сос од соја затоа што тоа ќе помогне да не доживеете “напади на глад “.

За ужина може да конзумирате овошје или 90 гр сирење со намалена масленост.

Ако имате 50 до 60 години

Ако имате повеќе од 50 години,ви треба помалку енергија ( окулу 30 %) отколку на некој што има 20 години.Јадете 4 – 5 по мали порции дневно.Не се прејадувајте затоа што тоа е штетно за вашето здравје.Ограничете го дневниот внес на сол на ¼ лажичка дневно.Понекогаш можете да постите но не често затоа што во ова старосно доба во постот телото ја губи силата потребна за борба против болестите.Најефикасни супстанци кои ги раствораат маснотиите се ензимите. Ананасот е богат со ензими и со витамин Ц и е одличен помошник на дигестивниот тракт.

Еве ви пример на едноставна диета за ова старосно доба.

Јадете 2 кг ананас вклучувајќи и сок.Поделете во 3 порции :појадок,ручек и вечера.Не јадете ништо друго тој ден.

Ако горната диета е многу стриктна за вас,пробајте ја оваа:

  • Појадок: 1 парче ананас и 90 гр изронето сирење со намалена масленост.
  • Ручек: половина ананас и 90 гр варено пилешко,риба или сирење со намалена масленост.
  • Вечера: 1 парче ананас и 1 парче р,жен леб со едно парче сирење со намалена масленост.

Исто така,моќни растворувачи на маснотиите се кивите,јаболковиот оцет и артичоки како и вода од варени артичоки.


Ако имате преку 60 години

Во ова животно доба вашата мускулна маса е 15 % од вашето тело.Затоа ,ако сакате да ослабете,тоа треба да биде многу споро затоа што брзите дијети ги намалуваат протеините во вашата мускулна маса. Главно правило е да не јадете повеќе од 40 гр маснотии во денот.

Еве лесни диетни замени:

  • Појадок: 1 парче леб со 1 лажичка јогурт со намалена масленост.
  • Ручек:  наместо 50 гр мелено месо земете 50 гр грав. Ќе имате оптичка илузија на месо но 7 гр маснотии помалку. Но, ако не можете да живеете без месо, јадете месо со мала масленост наместо свинско. На тој начин ќе внесете 13 гр маснотии помалку.
  • Вечера:  Наместо салама земете парче шунка, ( тоа е 10 гр. маснотии помалку). Ако земете парче од сирење со 30 % масти ќе внесете 10 гр помалку маснотии во споредба со конзумирање на сирење со 60 % масти.

Пијте не помалку од 2 литра вода. Тоа ќе ви помогне во варењето и на вашиот метаболизам.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.