ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Строга цитрус диета

 

jabuka

Цитрус диетата е една од најпознатите и најефикасните овошни диети.За држење на оваа
диета потребна е јака желба и упорност и резултатите стварно може да ве изненадат.Кои се придобивките од цитрус диетата и воопшто од вклучувањето на цитрус овошјето во
секојдневната исхрана?

Полесен облик на цитрус диетата – предности

Доколку во вашата секојдневна исхрана ,ги вклучите портокалите,мандарините,лимоните и
грејпфрутот – може да изгубите неколку килограми без да држите некоја посебна диета.
Веќе е докажано дека цитрусното овошје одлично ги согорува маснотиите,затоа што содржи ензими кои го потикнуваат варењето.Покрај тоа,содржи и витамин Ц ,кој го забрзува метаболизамот и ги елиминра токсините од телото.Овој облик на цитрус дитета нема некои недостатоци па нема по детално да го обработиме.

Строга цитрус диета – предности и недостатоци

Пред се треба да воочиме дека стриктната цитрус диета се разликува од “обичната” цитрус диета по ограничувањата во изборот на намирниците.Предност на оваа диета е што можете да намалите од 12 до 17 кг месечно.Секако,оваков резултат не е толку чест,но жените може ослабат во просек окулу 11 килограми за еден месец што представува добра бројка НО константно држење на оваа диета НЕ Е тоа што ви го советуваме.Затоа што оваа диета е прилично рестриктивна и не се препорачува нејзина примена подолго од 5 до 7 денови.После ова може да направите пауза од 3 дена па евентуално да го повторите циклусот.

Пример на дневно мени

Менито за еден ден би изгледало вака:

  • Чаша сок од свежо цеден портокал или грепфрут наутро;
  • За ручек – еден грејпфрут и два кивија.
  • За вечера – 2 варени јајца.
  • Пред спиење може да испиете јогурт со намалена масленост ( 2,5 dcl)
  • Во текот на држењето на цитрусната диета ,секогаш треба да пиете овошен или зелен
    чај (кои придонесуваат за слабеење) или лимунада без шеќер.Еднаш во три дена може
    да изедете едно јајце со парче леб и сирење со ниска масленост како на пример моцарела.

Доколку имате проблеми со желудникот – оваа диета не е за вас.Исто така,ако имате проблеми со хипогликемијата....заборавете на оваа диета.Најдобро е да гледате на оваа диета како на брз детоксикацијски план после повеќе денови...хмм...ќе кажеме претерување во храна...или подготовка за некој настан за кои морате хитно
да изгубите пар килограми вишок за да се вовлечете во омилената облека.

ЗА

  • Познато е дека цитрусното овошје содржи овошни киселини кои го поттикнуваат
    растворањето на мастите.Ова ви овозможува да не морате да вежбате.Вишокот килограми ќепочне да го снемува после три дена а тоа ќе ве поттикне да продолжите со придржување кон диетата;
  • Готвењето во текот на оваа диета е сведено скоро на нула.
  • Цитрусното овошје,покрај овошната киселина содржи и витамини и други корисни
    материи кои добро влијаат на метаболичките процеси во телото.

ПРОТИВ

  • Брзото губење на тежината може да биде штетно во два случаја: доколку имате огроменвишок на килограми и брзото слабеење ќе остави трагови на кожата,кои не ќе можат лесно да се одстранат и после завршувањето на диетата,а исто така постои ризик дека најмалку половина од тежината ќе се врати.Затоа,водете сметка за телото во време на придржувањето кон оваа диета.
  • Цитрусното овошје е ниско калорично така да може да почуствувате замор и главоболка
    додека сте на оваа диета.Или поедноставно кажано – ќе бидете гладни а калорискиот внес
    ( готово ) никаков!

Заклучок

Симпатична брза диета која би било интересно да се проба но само на неколку денови.Сепак треба да се придржувате кон препораките: количината на намалените килограми за еден месец треба да биде максимално 5 до 7% од телесната тежината. Исто така,кај оваа диета-доколку се држи во повеќе циклуси- препорачливо е да се консултирате со лекар или друго стручно медицинско лице кое се бави со исхрана.
И за крај подсетување дека во зима полесно се губат килограмите со брзи диети(причина е зголемена енергетска потрошувачка)- така да истата диета во лето може да покаже средни разултати а во зима да биде прав Бууум! и да намали повеќе килограми од колку што сте сенадевале.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.