ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Тајните на убавата коса

 

Ако сакате да знаете како да имате здрава и сјајна коса , еве неколку совети :

Шишање : Убавиот облик на косата почнува со шишањето:Изборот на добар фризер ќе ви обезбеди да бидете задоволни со обликот на својата фризура.Прав
професионалец ќе знае кој облик на фризура ќе одговара на вашиот тип на коса.

Хидрирање : Здравата коса треба да биде доволно хидрирана.Пијте доста вода .
Водата не само да ја хидрира вашата кожа и тело , таа ја хидрира и вашата коса.

Миење на косата : Хигиената на косата треба да биде во склад со типот на вашата
коса.Внимателно одберете шампон, регенератор и останатите средства за нега на
косата така да одговараат на типот на вашата коса.Косата мијте ја со топла вода.
Врелата вода ја исушува косата и може да ја иритира кожата на главата.

Препарати : Не користете премногу хемиски препарати за коса.Косата може да ви
изгледа слепена , брзо ќе се замастува.

Спиење : Спијте доволно. Додека спиете вашето тело се регенерира , вклучувајќи
ја и регенерацијата на косата.Би било добро да спиете на перница пресвлечена со
навлака од сатен.Тоа го попречува кршењето на косата додека спиете.

Пакување : Еднаш неделно ставете пакување на косата за да ја подобрите влажноста
на косата. За да третманот биде поефикасен , преку пакувањето ставете пластично
кесе и преку тоа загреана крпа.

Гел : Избегнувајте ставање на гел за коса директно на кожата на главата затоа што
тоа ги затвора порите.

Базен : Пред да влезете во базенот , наводенете ја косата со обична вода и така ќе
спречите косата да ја впива хлорираната вода од базенот.

Базен 2 : Доколку не носите капа додека пливате во базенот , веднаш после пливањето
измијте ја добро косата и ставете регенератор.

Сушење : Кога ја сушите косата со фен , воздухот од фенот нека не биде врел затоа
што тоа ја оштетува косата. Немојте да го оставате фенот долго да дува во еден дел
од главата , стално поместувајте го фенот и нежно со прстите растресете ја косата.
Држете го фенот доволно оддалечен од главата.
Чешлање : Избегнувајте чешлање со четка додека косата ви е влажна. Почекајте
таа да се исуши пред да ја земете четката за чешлање.

Исхрана : И не заборавајте , правилната исхрана е многу важна.Ако во исхраната
имате доволна количина протеини и витамини , вашата коса ќе расте и ќе биде
здрава и сјајна.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.