ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Тридневна диета – како брзо да се ослободите од 3 – 4 кг

 
trodnevna dijeta

Ослабнете , исчистете го телото и вратете се во форма за три дена!

Слабеењето е најуспешно доколку се одвива постепено и без премногу ограничувања. Меѓутоа, постојат прилики кога сте принудени за кратко време да ослабнете и тогаш не е момент за Аткинсовата диета, УН – диетата или некоја друга долга диета која би го преокупирала вашето внимание.
Едноставно немате време!

Затоа, се свртувате кон диетите како што е Тридневната која може да ви помогне брзо да
намалите 3 или дури 4 кг за само три дена.Истиот план ви овозможува да ослабнете 6 кг за десет дена!За прилики кога ви се брза ,ова е одлично,зарем не !

Поглед наназад

Има многу приказни врзани за потеклото на оваа диета.Некои кажуваат дека неа ја креирала болницата во Кливленд,а некои дека е дело на Американската асоциајација за срцеви заболувања,додека пак една приказна вели дека е масовно користена кај оние кои што сакале да одат во морнарицата,а имале вишок килограми кои што морале брзо да ги изгубат.


Сето ова не е ни важно,а она што треба да го знаете дека има многу луѓе со вишок на
килограми кои ослабеле користејќи ја баш оваа дита.Предност на тридневната диета е што таа делува и како програма за детоксикација.

Тродневна диета – примена

Запаметете неколку работи.Оваа диета бара силна мотивација и ако не сте цвсрти во намерата да за три дена да ја облечете гардеробата која сега ви е тесна,ќе биде тешко.Затоа пробјате ја оваа диета кога очекувате настан кој ќе ве поттикне да истраете:Повторувајте си во себе: Ова се само три дена. Еден поминува и уште два се пред мене...

Зауздајте ја својата желба

Тродневната диета ќе го покрене вашиот долготраен план за исхрана,а тоа што сигурно ќе го направи е да ја заузда вашата желба за храна.После три дена или после една недела,ќе видите дека ќе ја снема желбата за слатки.Тоа е од голема помош кога сакате да се придржувате кон некоја долготрајна диета.Прифатете ја оваа диета како тродневен или еднонеделен камп за обука.

Па да почнеме...

Ова е сигурно здрава диета и можете да го пресметате дневниот внес на калории.Нема да функционира на ист начин ако сте веќе во процесот на намалување на телесната
тежина.Наменета е за почетници или на оние кои повремено држат некои од кратките диети (на пример: месечна диета, портокал двопек диета и сл). Како и кај другите диети останува фактот дека сите лесно ослабнуваат во почетокот,но потребен им је исправен план.

Искуство на некој кој ја практикувал повеќе пати оваа диета: Ја пробав оваа диета три
пати и сосема сигурно,ова е најадобар начин да се ослабе 4 кг за три дена или 6 за десет дена.Последен пат кога бев на оваа диета малку ” лажев “ но се придржував кон структурата на планот.Јадев димена риба наместо туна,понекогаш земав дупло поголема порција,но и покрај тоа ослабев 2,8 кг за три дена.Сигурно дел од тоа е исфрлање на водата,но и водата и салото се дел од мојата тежина и се додека килогармите не се враќаат сум задоволна.”


Ако сакате да се придржувате кон оваа диета цела недела предлагам да почнете во среда, а ќе видите зошто:

Тродневна диета – РАСПОРЕД НА ОБРОЦИТЕ

Прв ден:

Појадок:

  • 1 грејпфрут,
  • 2 парчиња леб и 2 лажички путер од кикирики или од семки на тиква;

Ручек:

  • 1/2 шоља ( 1 шоља = 220 гр.) туна или 1/2 шоња нискомастно сирење или германско сирење или 1/2 шоња сардина. Без додавање на масло (ако користите сардини од конзерва - исцедете го маслото).
  • 2 парчиња интегрален леб или Тонус леб (1 парче околу 45 калории)

Вечера:

  • 150 гр пилешко бело месо,може да користите обични растителни зачини но и
    не масло или зачини од типот вегета или зачин Ц.
  • 1 шоља зеленчук (боранија,спанаќ,тиквички) на пареа ,грилувано,свежо или
    кратко динстано.
  • 1 шоља репка ,морков или целер;
  • 1 мало јаболко или крушка (јадете ги неизлупени).;
  • ½ шоља сладолед од ванила без шеќер(не се грижете поради калориите или маснотиите, само бидете сигурни дека сладоледот е без шеќер).

 

Втор ден! Ни останува уште еден ден

Појадок:

  • 1 варено јајце;
  • 2 парчиња тонус леб;
  • половина банана од средна големина;

Ручек:

  • ½ шоља туна или ½ шоља сирење со намалена масленост или швапско сирење или ½ шоља сардина без масло.;
  • 2 парчиња нискокалоричен леб(едно парче окулу 45 калории-најдобро тонус или
    интегрален.

Вечера:

  • 150 домашен кефир;
  • 2 шољи зеленчук ( боранија,спанаќ,тиквички) на пареа или грилувано,свежо или
    кратко динстано;
  • 1 шоља репка,морков или целер;
  • ½ банана;
  • ½ шоља сладолед од ванила без шеќер;  

Помина Вториот ден! Остана уште еден ден!

 

ТРЕТ ден ! Скоро сте завршиле со диетата!

Појадок:

  • 4 солени крекери;
  • 1 парче сирење со намалена масленост,;
  • 1 грејпфрут,;

Ручек:

  • 1 варено јајце;
  • 2 парчиња нискокалоричен леб( Тонус или интегрален)

Вечера:

  • ½ шоља туна или ½ шоља сирење со намалена масленост или швапско сирење или ½ шоља сардина без додавање на масло...се исто како првиот ден;
  • 2 парчиња нискокалоричен леб (тонус или интегрален);
  • 1 шоља репка,морков или целер;
  • 1 шоља карфиол или зеленчук,
  • 1 јаболко,
  • ½ сладолед од ванила – без шеќер

Додатни напомени

Не користете кечап или некои други додатоци.Не користете премногу или премалку сол.Може да користите зачини колку сакате.Користењето на нане ќе го заузда вашиот апетит.Немојте да пиете диетални газирани пијалоци.Оваа диета има за цел да го прочисти вашиот организам и затоа држете се подалеку од нездравите намирници па и ако се нискокалорични.


Многу е важно да не останете на оваа диета подолго од три дена.Ако сакате да ја следите 10 дена ,тогаш после првите три дена треба да јадете нормално четири дена внесувајќи помалку од 2000 калории дневно и да не јадете шеќер и производи од бело брашно.А потоа повторете ја диетата уште три дена:Ако земате витамини,земајте ги навечер,затоа што ако ги земате наутро ќе ви го зголемат апетитот.

Сладок успех

Можете да пиете чај колку што сакате,но бидете внимателни со кафето затоа што тоа може
негативно да влијае врз нивото на шеќерот во крвта што ќе резултира со намалување на
енергијата и умор што може да ве обесхрабри во настојувањето да се придржувате на диетата
до крај.Ако пиете зелен чај тоа ќе ви помогне во слабеењето.Водете сметка да пиете најмалку
десет чаши вода дневно
.Топлата вода додатно ќе ви помогне да ја остварите целта

Спијте доволно во текот на диетата и занимавајте се со лесно вежбање – подолго шетање,пливање или возење велосипед.Не работете кардио или аеробик вежби или било што долго исцрпувачко.Немојте да седите и да гледате ТВ.

Многу е важно во текот на диетата,да сте доволно хидрирани,да внесувате доволно сол,но не премногу затоа што тоа ќе ве надувува.Ако внесувате доволно вода ,спиете доволно а се чуствувате ошеметени,имате главоболка,потење или треска или било какво друго непријатно чувство,прекинете ја диетата и продолжете да се храните вообичаено.Ова не се задолжителни пратечки појави со оваа диета,но секој метаболизам е различен и ниту една краткорочна цел не е вредна за поголеми тешкотии.

Ако сакате да ја користите оваа диета како подготовка за некоја долготрајна диета а не се чувствувате добро со придржувањето,само зголемете ја големината на порцијата(не додавајте нови состојки) и додадете неколку ужини од 100 калории,сочинети од ниско јагленохидратни намирници,малку сирење или бадеми.Нема да ослабнете колку сте очекувале,но ќе ги завршите тие три дена што е многу поважно доколку имате долгорочен план за слабеење. 

Водете сметка за тоа дека нашето тело лесно се прилагодува.Програмирани сме да преживееме долготраен период на гладување.Кога телото почувствува закана (тоа се случува обично после 72 часа односно 3 дена- баш кога убаво сте зваршиле со диетата)значи,кога ќе почувствува закана се префлрла во мод за гладување,и тоа е многу штетно не само за вашето здравје туку и за редукција на тежината.Немојте да останете на оваа диета подолго од три дена во еден циклус и не јадете помалку отколку што е дадено во менито освен ако е вашиот калориски внес многу помал од просечниот.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.