ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Тридневна диета за чистење на организмот

 

Detoksikaciona dijeta

Знаете ли дека секој ден нашиот организам исфрла токсини.Кога знаеме дека од воздухот,низ храната,лековите и други козметички производи во организмот внесуваме разни хемикалии логично е да научиме како да му помогнеме на нашиот организам во секојдневното чистење.На нашиот организам воопшто не му е лесно и ако не му помогнеме на време ќе почуствуваме недостаток на енергија,проблем со тежината,несоница,промена на расположение,ќе имаме потешкотија со концентрацијата,болки во мускулите и зглобовите,егзем,астма,алергија...

Од што всушност зависи детоксикацијата на организмот?

Како прво,треба да знаете дека нашиот организам е способен да разложува и да се ослободува од хемикалиите кои ги внесуваме во нашиот ораганизам.Но не го заборавајте тоа!Успехот на таа "работа" секако зависи од генетските предиспозиции и количината на хемикалии на кои сме изложени.Иако секоја клетка има можност да се детоксифицира,сепак црниот дроб е главен орган кој ја врши оваа работа. Останатиот голем дел од процесот на детоксикација се одвива во гастроинтестиналниот систем.Меѓутоа,присуството на адитиви во храната,пестициди,конзерванси,недостаток на добри бактерии и премногу лоши,може да го загрози здравјето на цревата и го попречува чистењето на организмот.Затоа е неопходно да посветиме повеќе внимание на храната која ја внесуваме во организмот. Помеѓу останатите има уште многу причини храната да ни биде како лек,затоа што здравата исхрана истовремено е и начин на детоксикација на организмот.Стручњаците одамна не потсетуваат дека еден од најдобрите и најпрактичните начини за детоксикација на организмот е да се престане да се конзумира рафинираната и индустриски преработена храна и 2-3 дена да се пиете само големо количество на вода и да се конзумира овошје и зеленчук.

Детоксикацијата ќе ве освежи,но токсините кои ќе ги исфрлите мора да поминат низ крвотокот,така што може да почуствувате некои контра ефекти како што се исфрлање на кожата,непријатна мирис на потта и на здивот,мачнина,течење на носот,дијареа или запек. Но издржите со детоксикацијата.Сите наведени симптоми се знак дека организмот ги исфрла токсините.Во текот на детоксикацијата пијте големи количини на вода.

Што се препорачува во текот на детоксикацијата:

Овошје.: Јаболко (јадете по два пати дневно),грозје,киви,лимон,јагоди и круши се одличен извор на енергија.

Зеленчук: Артичоки,цвекло,брокула,зелка,морков,целер,марула,коприва,кромид и морски алги.

 

 

Диета за детоксикација

Секое утро земете една лажица мелено ленено семе со чаша вода.Во текот на детоксикацијата и неколку дена после неа избегнувајте да конзумирате кафе и чај ( кои не сте ги пиеле недела дена пред да почнете со детоксикацијата)

1.Ден

  • Наутро: Испијте чаша (2дл) топла вода со сок од пола лимон.
  • Остаток од денот: Јадете грозје (доколку не е сезона за грозје одберете овошје кое е актуелно за тој период од годината) кога ке почуствувате глад.Дозволено е да изедете 1кг грозје/сезонско овошје.
  • Пијте големо количество на течности (минимум 8 чаши од 2дл) и тоа: вода,билни чаеви (од нане,камилица,ѓумбир) и свежо исцедени сокови од морков,целер и јаболко.

2.Ден

  • Наутро: Испијте чаша топла вода со сок од лимон.
  • Остатокот од денот: Пијте големо количество на вода,билни чаеви,сокови од зеленчук разредени со вода (во размер 1:1).Минималната количина на течност е 8 чаши (од 2дл).

3.Ден

  • Доручек: Свежо овошје (изберете од веќе наброените).Изедете колку што можете.Испијте колемо количесто на вода и билни чаеви.Ако ви е тешко да јадете свежо овошје направете мешан сок од овошје .
  • Ручек: Салата од зеленчук (изберете од веќе наброените) сирова или малку обарена.Пијте големи количини на вода и билни чај.
  • Вечера: Чорба од зеленчук.Пијте голема количина на вода и билни чаеви.

 

 

РЕЦЕПТИ

Коктели од овошје и зеленчук

НАПОМЕНА: Овие сокови се прават во соковник.По потреба разблажетеги со вода.

  • Морков и јаболко: 3 моркови и 1 јаболко.
  • Јаболко и црно грозје: 2 јаболка и 225г црно грозје.
  • Морков и целер: 4 моркови и 5 стебла целер.
  • Цвекло,морков и целер: 4 моркови, 1 цвекло и 3 стебла целер.
  • Јаболко и зелена салата: 2 јаболка и 6 листови зелена салата.

 

Салата за детоксикација

Потребно е: 1 цвекло,2 моркови,1 лист зелка,6 листови зелена салата, 1/2 кромид,6 листови коприва и 1/4 брокула.

Припрема: изрендајте го цвеклото и морковите,исецкајте го останатиот зеленчук и сето тоа измешајте го.Ставете малку маслиново масло,сок од лимон и ситно исецкан лук.

  • Морков и краставица: 3-4 моркови,1 краставица,1/2 цвекло,1/2 лимон, 2,5см корен од ѓумбир.
  • Краставица и цвекло: 1 краставица,3 моркови,1 цвекло, 2 стебла целер,1 грст першун,1/2 лимон.
  • Микс на зеленчук: 3-4 моркови,1/2 цвекло,,2 стебла целер,2 цвета брокула,1/2 лимон.
    Краставица и јаболко: 2 стебла анасон,1/2 краставица,1/2 зелено јаболко,1 грст листови нане, 2,5см корен од ѓумбир.
  • Морков,краставица и домат: 1 морков,1 краставица,1 домат и 1/2 лимон.
    Сок за чистење на црниот дроб: 1 грст глуварче,3-4 моркови,1/2 краставица и 1/2 лимон.
    Јаболко,лимон и зелен лимон: 4 јаболка,1 лимон и 1-2 зелени лимони.

Чорба од зеленчук

Потребно е: 4 моркови,2 цвекла,3 стебла целер,4 листа зелка, 1 кромид,2 чешниња лук,1/2 брокула,1 литар вода.

Припрема: Исецкајте го морковот,целерот,цвеклото,зелката,кромидот ,лукот и брокулата.Ставете го зеленчукот во вода да се вари.Кога ке зоврие намалете го оганот и оставете така да врие 20-30 минути.Ставете ја чорбата во блендер и испасирајте го зеленчукот.

 

 

СОВЕТИ

  • Планирајте ја детоксикацијата однапред.
  • Мрсна храна,благи работи,грицки не треба да се конзумираат.
  • Недела дена пред да почнете со детоксикацијата намалете го внесувањето на чајат,кафето,шеќерот,лебот,месото,алкохолот,цигарите а зголемете го внесувањето на свежо органско овошје и зеленчук и сокови.
  • Јадете интегрален ориз и обарен зеленчук.
  • Купувајте органско овошје и зеленчук.
  • Ако имате здраствени проблеми (дијабетис,анемија,болести на бубрезите) пред детоксикацијата консултирајте се со својот доктор.
  • Детоксикацијата не се препорачува ако сте бремена (како ни мајка која го дои своето бебе) но затоа можете да ја збогатите исхраната со овошје,зеленчук,билни чаеви,вода,а да го намалите конзумирањето на кафе,цигари и алкохол.
  • Збогатете ја исхраната со конзумирање на органско одгледувано овошје и зеленчук,ограничете го конзумирањето на месо,преработена и конзервирана храна,шеќер,сол,заситени масти,кафе,млечни производи и алкохол.
  • Оставете ги цигарите.Пијте по 2-3 литри вода дневно.Редовно вежбајте.
  • Кога е можно користете органска козметика.Заменете ја хемикалијата за чистење на куќата со еко производи за чистење.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.