ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

В Е Ж Б А Њ Е


Вежбањето како дел од диетата

Со секоја диета обично оди препорака дека ,покрај пропишаниот режим на исхрана,треба да се практикуваат и доста физички активности.

И додека во диетата е пропишана точна грамажа на намирниците и точен распоред на исхраната по часови , делот за физичките активности е воглавно опишан само со таа една , неодредена фаза.Сепак , баш од физичките активности може да зависи успехот , односно неуспехот на диетата.Поради тоа сакаме на овој сајт малку по детално да го објасниме и овој аспект на здравото живеење.

За диетата секако најважни се кардио тренинзите. Тие се битни не само за согору- вање на маснотиите , туку и за целокупното добро здравје.По дефиниција , кардио тренинг може да биде било што од аеробните вежби без оптеретување – брзо одење, трчање , возење велосипед , пливање, трчање на лента , прескокнување на јаже – значи вежби кои го одржуваат високиот ритам на работа на срцето во одреден временски период.Со кардио тренингот го јакнете срцето и белите дробови , а добрата состојба на срцето ( кардио – фитнес ) е тоа што дава издржливост која е корисна не само во спортот , туку и воопшто во животот.

Придобивки од кардио тренингот :

  • Подобрување на метаболизмот
  • Намалување на нивото на лошиот холестерол
  • Зголемување на приливот на крвта во мозокот , што ја подобрува концентрацијата
  • Подобрување на варењето.
  • Намалување на стресот
  • Јакнење на имунолошкиот систем

Наспроти сите предности , многумина ги избегнуваат кардио тренинзите.Дали поради монотонијата на трчањето , досадното возење на тренажниот велосипед , во некои спортски кругови кардио вежбите ги следи лош глас.Сепак , за оние кои би сакале да го намалат вишокот на килограми и процентот на мастите во организмот, кардио вежбите се неопходни.

За буцмастите ( оние чие БМИ е преку 26) препорачуваме внимавање при кардио тренингот.Вишокот на килограмите го оптеретува срцето , а поаѓајќи од предпос – тавката дека лицето со сериозен вишок на килограми не е во добра кондиција ( да е не би дошло до тој вишок ), доаѓаме до заклучок дека кардио тренинзите ќе го оптеретат и така веќе оптеретеното срце на вежбачот.Секако , дека со стекнувањето на општата кондиција и срцето ќе зајакне , па интензитетот на вежбањето ќе може постепено да се зголемува.

Многу е важно да се усклади врстата и интензитетот на вежбањето со килажата , годините и кондицијата на вежбачот.Најдобро би било да имате професионален личен тренер кој ќе го осмисли сето тоа за вас.Меѓутоа , на повеќето овој луксуз не им е достапен од разни причини, па ние ќе се обидеме да ве упатиме како правилно и безбедно да вежбате.

Пулсот како барометар на вашето тело >>>

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.