ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Шест најголеми фитнес митови и вистини

 

Vezbanje

Ако се подготвувате да го промените начинот на живеењето , да ги менувате навиките или да правите планови и да си поставувате нови цели за вашата физичка активност , проверете ги раширените митови и заблуди за фитнесот и слабеењето. Има полно информации за тие теми и некои се вистинити а некои не се.Важно е да поставувате прашања и да барате одговори за сето она во што не сте сигурни. Распрашајте се кај стручните фитнес инструктори и побарајте совет.Проверените информации и добрите совети ќе ви помогнат да ја одржите добрата форма , да бидете здрави и да ги избегнете повредите во текот на вежбањето.

Постојат неколку најраширени заблуди во врска со вежбањето и слабеењето и затоа ви предлагаме да ги прочитате.

Мит број еден : Mожете да слабеете на одредени делови од телото со изведување на вежби кои се усмерени баш кон тие делови на телото.

Вистина: Оваа концепција е позната под името “ спот тренинг “ но за жал не помага на согорувањето на маснотиите .Кога слабеете вие , за жал , не можете да бирате на кој дел од телото ќе покаже редукцијата на тежинтата.Вашето тело само одредува кои масни резерви ќе ги користи.На пример : работејќи стомачни вежби вашите стомачни мускули ќе зајакнат но тоа нема да ги намали масните наслаги на стомакот.На сличен начин , со трчањето ќе го активирате согорувањето на масно – тиите во целото тело а не само на нозете.Најдобро што можете да направите е да направите уравнотежена програма на вежбање со комбинирање на избалансирани вежби за разни групи на мускули така да го подобрите тонусот на телото и воедно да ослбнете.

Мит број два : Жените кои дигаат тегови премногу ќе ја зголемат мускулната маса.

Вистина: За да се постигне набивање на мускулите со подигање на тегови потребен е тестостеронот а нивото на овој хормон е значително пониско кај жените одколку кај мажите така да во повеќето случаеви жените не можат така лесно да ги набилдаат мускулите. Всушност , бидејќи мускулите завземаат помалку простор од маснотиите, се случува жените да го намалуваат обемот работејќи бодибилдинг.Поред тоа што го забрзува метаболизамот , го намалува ризикот од остеопороза , го зголемува нивото на силата ,оваа врста на тренинг исто така ќе ви помогне да ослабете.

Мит број три : Ако не можете да вежбате напорно и често тогаш вежбањето нема
смисол.


Вистина: Дури и умерената физичка активност го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.Ако не можете да издвоите 30 минути за вежбање тогаш тоа поделете го на три дела по десет минуити во текот на денот кога имате време.Секој може да најде десет минути слободно време во текот на денот и да одработи неколку вежби. Постојат неколку едноставни работи кои можете да ги работите за да ја подобрите физичката активност и без одење во теретана : користете ги скалите наместо лифт, прескокнувајте по малку јаже , направете дваесетина стомачни згибови и малку склекови во паузата, прошетајте после ручекот.Запамтете дека било какво вежбање е подобро од подполно одсуство на физичката активност.
  
Мит број четири : Ако работите абдоминални вежби ќе имате рамен стомак.

Вистина: Ова е слично на митот број еден.Факт е ,дека единствен начин да имате рамен стомак е да го симнете салото од средниот дел на телото.Ова се постигнува со кардио аеробен тренинг со кој се согоруваат калориите , со тренингот за сила кои го забрзува метаболизамот и со придржување кон адекватна диета.Абдоминалните вежби ќе ви помогнат да ја изградите стомачната мускулатура но вашите мускули нема да бидат видливи се додека имате масни наслаги на средниот дел од телото.

Мит број пет : Повеќе маснотии ќе согорите ако вежбате во подолг временски
интервал со послаб интензитет.


Вистина: Најважен фактор во вежбањето и контролата на телесната тежина не е процентот на потрошените калории туку вкупното калориско согорување во текот на некоја активност.Што побргу одите , возите велосипед или пливате , тоа повеќе калории согорувате во минута.Иако ќе согорите мала количина на “ масни калории “ вкупната калориска потрошувачка ќе биде поголема што ќе резултира со поголем губиток на телесната тежина.

Мит број шест : Тренингот мора да “ заболи “!

Вистина: Вежбањето не треба да биде болно ! Во најинтензивната фаза на вашиот тренинг , треба да се потите и забрзано да дишите но не толку да не бидете во состојба да одговарате на прашања но и исто така не и да продолжите подполно нормално да разговарате додека вежбате.Така ќе знаете дали е нивото на вежбање добро.Многу е важно да го разликувате замор на мускулите ( чуство на печење ) од остра и неугодна болка во мускулите или во зглобовите додека го изведувате движењето.Болката во телото ви зборува дека нешто работите погрешно.И ако е болно , прекинете го тренингот.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.