ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Спортска рекреација и здравје



Ништо толку не го исцрпува и не го уништува човекот , како долготрајната физичка неактивност.

АРИСТОТЕЛ

Во секојдневната трка по работа и заработувачка се излагаме на прекумерни нервно – емоционални напрегања.При тоа се повеќе ги запоставуваме основните потреби на нашиот организам : јадеме нередовно и често премногу обилно , малку спиеме , недоволно се одмараме ,многу пушиме , неумерено пиеме.Постојно сме напреганати , преоптеретени и уморни.Чувствуваме се повеќе здравствени проблеми и препреки. Не водиме доволно сметка за своето здравје .Во главно се однесуваме како “ потрошувачи “ а ретко како “ произведувачи “ на своето здравје.


Што е здравјето ?

Здравје е состојба на подполна , физичка , психичка и социјална благосостојба а не само одсуство на болести.Совремнета наука квантитативно го дефинира здравјето како збир ( сума ) на “ резервните капацитети “ на основните функционални системи. Во овој смисол треба да размислиме дали со својот начин на живеење само ги трошиме и намалуваме резервите на здравје и дали доволно се трудиме да го сочува – ме и унапредиме своето здравје.Здравјето не е само наша сопственост.Здравјето не сме го наследиле само од нашите предци, туку сме го позајмиле и од наште наслед – ници. Со своето однесување , начинот на живеење и односот кон здравјето не влијае – ме само на своето здравје , туку и на здравјето и животот на нашите деца ,нашите внуци и правнуци.

Должината на животот и резервите на здравјето не се одредени само со наслед – ството.На нив исто така влијаат другите фактори, пред се ,условите и начинот на живеење и работата. Здравјето на современиот човек највеќе го загрозуваат обилната и несоодветна исхрана , недоволната физичка активност , стресот , загадената живот- на средина и штетните навики.

Прекумерната исхрана во комбинација со хипокинезијата и прекумерните нервно – емоцинални оптеретувања ги предизвикува современите болести на цивилизацијата: заболувања на мускулно – коскениот систем , болести на срцето и крвните садови , органите за дишење, варење и разни нервно – емоцинални заболувања.

Секое прекумерно ограничување на моторните активности е во противречност со човековата биолошка природа.Тоа причинува разни проблеми во функционирањето на највитал – ните органи и организмот во целина , кои во почетокот се само од функционален а подоцна и од органски карактер.Недостатокот на оптимална физичка активност најдобро и најлесно можеме да го надокнадиме низ соодветни програми на спортска рекреација.

Спортска рекреација - ефикасен лек

Програмите на спортската рекреација создаваат повеќекратно позитивно влијание на организмот на современиот човек:Ефектите на програмата на спортската рекреа – ција , во основа , можат да се изразат во два правци :

  • превенција , зачувување и подигање на општото ниво на : здравјето , физичките, функционалните и работните способности , ефикасното одмарање, релаксација, забава и разонода
  • целни влијанија : превенција и / или намалување на акутниот замор ,одмор, заздравување , превенција и / или намалување на хроничниот замор . оптимализација на телесната маса – превенција и лечење на дебелината , оптима – лизација на локомоторниот апарат – превенција , ублажување и / или намалување на напнатоста и болките од општ и локален карактер , оптимализација на кардио васкуларниот систем – јакнење на срцевиот мускул , зголемување на еластичноста на крвните садови , антистрес програми - превенција и намалување на нервно емоционална напнатост , подобрување на самочувството , намалување на вознемиреноста и депресивните состојби , опуштање и релаксација.

Ако сакаме до го сочуваме здравјето , да ги унапредиме способностите , ги превени – раме , ублажиме и намалиме многубројните здравствени проблеми , подобро да се чуствуваме ,по лесно и по добро да работиме, мораме да ги ставиме под контрола морбогените фактори – пушењето , алкохолот , стресот и другите кои го загрозуваат здравјето и го зголемиме влијанието на оние фактори кои го чуваат и унапредуваат здравјето.Систематското вежбање , правилен избор и користењето на соодветните програми на спортска рекреација е физиолошки најефикасен и најприроден начин на чување и унапредување на здравјето.

Движењето е важна каракатеристика на животот.Затоа , мускулната активност е најдобар физиолошки начин за стимулирање на разните системи на организмот. Во текот на мускулната активност се ангажираат сите органски системи , се интен – зивира метаболизамот – се зголемува потрошувачката на кислород , се интензиви – раат некои биохемиски и физиолошки процеси.На оптеретувањата организмот одговара со комплексни биохемиски ,психолошки и физиолошки реакции.Тоа е процес на брза – моментална адаптација на организмот на применетите оптеретувања во текот на програмата на спортската рекреација.Брзите адаптациони промени се случуваат на ниво на физиолошки адаптациони механизми.Со повеќекратни – систе – матски повторувања на програмите на спортска рекреација се обезбедува долготрајна стабилна адаптација која се карактеризира со морфофункционални структурни промени на ниво на клеточни структури , ткива ,органи и поедини органски системи. Паралелно со тоа се усовршуваат механизмите на регулацијата како во работата на поедините органи ,органски системи и организмот во целина.

Влијанието на мускулната активност е толку длабока и сестрана што ја менува активноста на генетскиот апарат, битно влијае на биосентезата на белковините. Мускулните белковини се разградуваат со константна брзина.Периодот на полу – распадот на овие белковини е 30 дена.Тоа значи дека секои 30 дена се распаѓаат 50 % од белковините на нашите мускулите.Истовремено се врши синтеза на нови белковини.Меѓутоа , интензитетот на процесот на синтеза на нови мускулни белковини не е константен.Тој зависи од обемот ,карактерот и интензитетот на мускулните активности ,односно од трофичките процеси во мускулите.Ако мускулите не се активни , на пример ако ногата е имобилизирана во гипс , синтезата на нови белковини е успорена а распаѓањето се одвива со константна брзина.Последица на ова е атрофија на мускулите.

Програмите на спортската рекреација комплексно влијаат на организмот и придоне – суваат на развивањето на механизмите на општа адаптација , насочено посебно кон енергетското и трофичкото обезбедување на специфични хомеостски реакции.Со систематска примена на адекватни програми на спортска рекреација се придонесува кон функционалното и структурното престројување на поедини ограни и системи , проширување на нивните функционални можности.Тоа има големо значење за превенција и одржување на здравјето ,зголемување на работните способности и отпорноста на орагнизмот на делување на штетните влијанија.Овие програми , исто така допринесуваат на успорување на процесите на предвремено стареење , намалу – вње на ризикот од многу болести , пред се на болестите на срцето и крвните садови.


Механизам на општа адаптација

Програмите на спортската рекреација ефикасно придонесуваат на развивањето на нервно – мускулниот систем ,зголемување на силата ,брзината , флексибилноста и издржливоста и позитивно влијаат на активноста на многу други органи.Во текот на спортско – рекреативните активности обемот на циркулацијата на крвта може да се зголеми 40 – 60 пати во однос на состојбата во мирување. Со тоа се обезбедува подобро снабдување на активните мускули и на сите органи и системи со кислород и со хранливи материи , битно се подобруваат трофичките процеси.

Програмите на спортска рекреација имаат значителен ефект на механизмите на општа адаптација , што посебно се одразува врз :

  • Усовршување на функциите на централниот нервен систем и нервната регулација на органите и организмот во целост.
  • Зголемување на функционалните способности и стабилност на ендокрилниот систем;
  • Зголемување на енергетските потенцијали на организмот;
  • Проширување на транспортот на кислородот;
  • Оптимализација на оксидативните процеси , зајакнато формирање на митохон – дрии и економизација на размената на материите;
  • Интензивирање на користењето на мастите како енергетски извори и намалување на количините на масните ткива во организмот.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.