ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

8 Изговори за невежбање...



...и како да се надминат

Сакате да бидете витки и знаете што ви е потребно : повеќе движење и вежбање а помалку храна.Но , тоа е полесно да се каже отколку да се стори.Секако , секаде окулу нас се “ пречки “ и згодни изговори да не го правиме баш она што треба да да го правиме. На пример ...Ладно утро? Зарем не е по убаво да се остане во топол кревет и подолго да се одспие:Мускулите се и така премногу укочени наутро за да трчате по паркот...И така натаму...

Кога би било подеднакво лесно да се отиде во теретана или да се нарача салата наместо масен оброк,како што е лесно да се измисли изговор за да тоа не се направи, сите би биле вити и во топ форма. Тоа е причината што личните тренери стануваат се попопуларни кои едноставно не ги прифаќаат изговорите и кои со клиентите работат на јакнење на вољата и мотивацијата.Следуваат 8 вообичаени изговори и 8 разумни одговори кои ќе ви помогнат секогаш кога кога ќе посакате да се откажете од вежбањето.Проучете ги и запомнете ги ...и секако јавете какви се резултатите.

Изговор : “ Воопшто немам време за вежбање “
Одговор: На повеќето луѓе темпото на живеење им е исклучително брзо и тоа е факт.Но добрите лични навики се последна работа која треба да се напушти.Ако не водите сметка за себе , ќе имате помалку енергија и нема да можете нормално да функционирате ниту да им дадете подршка на оние кои ги сакате.Пронајдете скриени ресурси кои ќе ви обезбедат неопходни 30 минути за вежбање.

Изговор: Не можам да си дозволам посетување на теретана или квалитетна свежа храна “
Одговор: Да , недостатокот на пари е прилично јака причина.Но , можете да соберете нешто пари и да си купите неколку DVD- ја во кои темата е фитнес и ќе имате разноврсна програма за вежбање за најмалку 6 месеци.Можете да ја работите целата програма – склекови, клекнувања, вежби за стомачните мускули без никакви справи.Што се однесува до храната : замислете си трошок кои би сте го имале за лекови против дијабетес до крајот на животот- тој е многу поголем од додатните педесетина евра месечно за купување на квалитетно овошје , зеленчук и риба.

Изговор: “ Слатките во мојот дом / на работното место БАШ ме привлекуваат ! “
Одговор: Никогаш не чувајте слатки и слична храна во својот стан или на работно – то место.Ако сте во ресторан немојте да им дозволувате на келнерите да ви носат леб или било какви грицки на масата.Запомнете деке сте недисциплинирани и затоa заштитете се од искушенија. ! “.

Изговор: ” Не можам да станам рано наутро и да вежбам а навечер сум уморен/на.”
Одговор: Кога ќе го чуете часовникот да ѕвони запрашајте се : дали продолженото спиење ќе ми помогне да ја остварам целта ?Ако задачата која сте си ја поставиле не е поврзана со некоја подлабока причина , како што е враќање на самодовербата, тешко дека ќе ја остварите.Имате само 10 минути ? Направете супербрз тренинг во вашата дневна соба !

Изговор: “ Сум постигнал / ла нешто , сега се откажувам затоа што тоа ми е доволно. “
Одговор: Ова е веќе себичност! Немојта да мислите дека барате премногу од животот и од себе.Отфрлете го тоа со уверување дека вашиот нов изглед е ваша судбина !Нема причини да не стигнете до целта.

Изговор: “ Многу пати сум се обидел / ла и тоа со најдобри намери а тогаш животот тргнува со своите вообичаени текови и ја се откажувам од зададените обврски “.
Одговор: Поставете си дневна или неделна цел и наградете се секој пат кога ќе ја остварите .Нека тоа биде посета на театар или во козметички салон или било што друго што ви причинува задоволство ( а при тоа нема да го расипе ритамот на вашите промени ).

Изговор: “ Ми станува досадно да бројам калории или да трчам “.
Одговор: Додека вежбате , мислете на оно што сакате да го постигнете.Намерата која стои зад вашето делување е исклучително моќна.На крајот , не морате да се уништите за да го одработите тренингот.Трчањето е најдобар начин да ослабете но и брзата прошетка е од битна корист.Со храната е слична ситуацијата : Секогаш пред очите нека ви биде ЦЕЛТА која сакате да ја постигнете.И кога ќе ви се појават вознемирувачки мисли - едноставно одфрлете ги и фокусирајте се на ЦЕЛТА!

Изговор: " Сета таа дисциплина е премногу стресна за мене ."
Одговор:Ако ви се потребни неколку дена пауза, земете ги.Не треба да станете огорчени или да изгорите вежбајќи и фанатично да се грижите за храната.Целиот процес на прифаќање на нови навики пред се треба да ви биде забава која попат , ќе ви донесе и голема полза – како енергетска така и здравствена.Ах , да...и секако треба да стане составен дел на вашиот иден животен стил ...

Па ...среќно !

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.