ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Научете се да го сакате утринското вежбање

 

 

“ Јас не сум оној кој го сака раното станување “ .Оваа изјава која често ќе ја чуете од вашите пријатели или познаници кои утринските часови ги користат да се “ налијат” со неколку шолчиња кафе како би можеле од пладне да фунционираат а во текот на ноќта да бидат најпродуктивни.Ако припаѓате на групата на оние кои рано стануваат нема да ви биде лесно да се вклопите со овие бројни “ ноќни птици “ и затоа направете го првиот чекор и предложете им како да ги променат своите навики. Почетниот отпор со тек на времето ќе се претвори во благодарност , кога ќе почув – ствуваат благодет што ја носат природните и здрави навики.Можеби овие десет причини во корист на утринското вежбање ќе ви помогнат да го засакате и да ја почувствувате неговата добробит:

1. Вежбањето рано наутро го потикнува вашиот метаболизам и го задржува забрзан во наредните неколку часови, понекогаш и 24 часа.Како резултат на тоа , се зголе – мува согорувањето на калориите во текот на денот и тоа само затоа што сте вежбале рано наутро.

2. Со утринското вежбање го енергизирате своето тело и стекнувате чуство дека сте дисциплинари и дека правите нешто добро за себе.

3. Истрaжувањата покажале дека физичкото вежбање значително ја зголемува менталната острина која трае од 4 до 10 часови после вежбањето.Физичкото вежбање наутро значи дека главата ќе ви се избистри наместо да чекате кафето да ве “ подигне “.

4. Ако утринското вежбање си го поставите како приоритет нема да ви биде тешко да станете 30 – 60 минути порано затоа што редовното вежбање го подобрува квалитетот на сонот што ќе резултира со потреба да помалку спиете од вообичаеното Ако станувањето 30 – 60 минути порано ви се чини премногу напорно тогаш можете да почнете да се будите 10 – 20 минути порано и постепено да го поместувате времето на будењето додека не постигнете 30 – 60 минути.

5. Ако вежбате секое утро отприлика во исто време, посебно ако се будите во исто време , ја регулирате работата на вашиот ендокрилен систем и срцевиот ритам. Вашето тело учи дека вие работите нешто секој ден во исто време и тоа се подгот – вува за будење и вежбање неколку часа пред да ѓи оотворите очите.Тоа е корисно затоа што :

- вашето тело не е збунето со менувањето на времето на станување , што значи дека будењето е помалку болно( се текот на времето можеби нема да ви треба ни будилник за да се разбудите).

- хормоните го подготвуават вашето тело за вежбање со регулирање на крвниот притисок ,срцевиот ритам и дотокот на крвта во мускулите.

- вашиот метаболизам , заедно со хормоните вклучени во активности и вежбање , почнуваат да се подигаат уште додека вие спиете.Како резултат на тоа вие ќе се чувствате подготвени ,со повеќе енергиjа и подготвени за вежбање кога ќе се разбудите.

6. Многу луѓе кажуваат дека утринското вежбање го регулира нивниот апетит во текот на денот.Не само да помалку јадат ( бидејќи активноста предизвикува зголе – мување на ендорфинот кој го намалува апетитот) туку и и бираат по здрави оброци, од здрави намирници .

7. Лицата кои доследно вежбаат , велат дека понекогаш, на нивно големо изнедаду – вање времето одредено за будење станува нешто што тие го исчекуваат.Покрај чувството на задоволство што се грижат за себе , мислат дека тоа е одлично време за планирање на дневните активности , молитва или појасно да размислат за оние работи за кои обично нема време.

8. Ако утринското вежбање е прва работа која ја работите тоа е најпотполн доказ дека другите работи не можат да ја пореметат вашата усмереност кон физичкото вежбање ,посебно ако имате монотон фамилијарен живот.

9. Повеќе од 90 % од оние кои доследно вежбаат имаат утринска фитнес рутина.Ако сакате да вежбате редовно – поминете на утриско вежбање и бидете сигурни дека тоа ќе стане дел од вашиот животен стил.

10.Луѓето кои не сакаат рано да стануваат наоѓаат разни изговори за својата утринска мрзеливост.Овде помага еден стар испробан трик – натерјате се самите себе да станете само за да извежбате половина час а потоа “почестете се “ со додатно спиење.Но , после получасовно вежбање – тешко дека поторно ќе ви се спие...



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.