ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Zašto je toliko važno biti aktivan?



Во надеж дека ќе дознаете нешто за тоа како неактивноста влијае на ризикот од заболување ,истражувачите од Универзитетот од Мисури неодамна убедиле група здрави ,активни млади луѓе да престанат да бидат толку активни. Научниците веќе некое време знаат дека луѓето кои во главно седат се изложени кон поголем ризик за добивање на болести на срцето или дијабетес од типот 2.Единствено не разбирале во подполност зошто , делумно затоа што проучувањето на последиците од честото седење не е едноставно.Луѓето кои се неактивни може да бидат и угоени, лошо да се хранат или да имаат други проблеми во врска со начинот на живеење или со метаболизмот поради што е невозможно да се издвои улогата која неактивноста ја игра во лошото здравје.

За да се изборат со ова прашање , истражувачите неодамна усвоиле нов пристап во проучувањето на последиците на неактивноста .Ги навеле луѓето кои иначе би вежбале и би биле во движење да бидат неактивни , во некои случаеви дури и да се одмараат во кревет.

Но во најновото истражување , објавено во списанието “ Медицината и науката во спортот и вежбањето “ , научниците развиле уште по реална верзија на неактив – носта така што на волонтерите им го намалиле бројот на чекорите кои ги прават во текот на денот за половина.

Тие сакале да утврдат дали ова намалување на физичката активност ќе влијае на способноста на организамот да го контролира нивото на шеќерот во крвта.” Се е по очигледно дека порастот на шеќерот во крвта , посебно после оброкот , има лоши последици по здравјето “ , вели Џон П. Тифо ( John P. Thyfault ) , вонреден професор по нутриционизам и физиологија на вежбањето на универзитетот во Мисури , кои го реализирал ова истражување со студентката од завршната година Кетрин Р. Мајкус ( Catherine R. Mikus ) и другите. “ Скокот и другите нагли промени на шеќерот во крвта после оброкот се поврани со развојот на срцеви заболувања и диабетесот од типот 2 “.

Така научниците опремиле доброволци со најсовремени уреди за пратење на нивото на гликоза, кои константно го проверувале нивото
на шекер во крвта. Истотака им дале и педометри и нараквици за мерење на активностите, да би мереле колку чекори прават. На крајот замолиле доброволци да водат детален дневник на исхрана. Им било речено да живеат нормално три дена, да одат и вежбаат вообичаено.

Упатсвата за вежбање на Американската асоцијација за болести на срцето препо- рачуваат, со цел да се сочува здравјето луѓето да прават 10000 чекори дневно,што е еднакво на поминато растојание од окулу осум километри.Меѓутоа , многу малку луѓе тоа и го прават.Повторените истражувања меѓу Американците покажале дека повеќето луѓе прават помалку од 5000 чекори дневно.Доброволците од Мисури во овој поглед биле нетипични.Сите вежбале 30 минути дневно или подолго и без проблеми правеле повеќе од 10000 чекори дневно во текот на првите три дена од експериментот.Просекот изнесувал скоро 13000 чекори.

Према податоците од нивните уреди за мерење на гликозата ,кај овие доброволци не доаѓало до растење на шеќерот во крвта по оброкот во текот на овие три дена.

Но ситуацијата се променила во текот на вториот ден од експериментот , кога на доброволците им е речено да ги намалат активностите под 5000 чекори дневно во следните 3 дена .Доброволците престанале да вежбаат , и кога можеле , користеле лифт наместо скали или нарачувале ручек наместо да одат до ресторанот.Во суштина станале типични Американци.

Просечниот број на чекори во текот на три дена се намалил на 4300 , а доброволците известиле дека “ вежбаат “ во просек окулу три минути дневно.

Во меѓувреме , јаделе подполно исти оброци и ужина како и предходните три дена, за да се избегне да било какви промени на нивото на шеќерот во крвта бидат резултат на по масни или по слатки оброци од порано.

И дошло до промени.Во текот на три дена на неактивности , нивото на шеќерот во крвта на доброволците значително се зголемило по оброците , за окулу 26 % во однос на периодот кога доброволците повеќе се движеле и вежбале.Сем тоа , овие скокови секојдневно се зголемувале по малку.

„“ Оваа промена на контролата на шеќерот во крвта после оброците се појавила многу порано пред да можевме да забележиме било какви промени во физичката кондиција или телесната тежина , или зголемување на мастите како последица на намалената активност “, вели Др Тиго.Тоа значи дека промената на нивото на шеќерот во крвта е веројтно директен резултат на фактот дека доброволците биле помалку активни од вообичаеното.

Што е истовремено вознемирувачка и охрабрувачка вест .” Луѓето веднаш ќе го помислат следното : Што се случува ако се повредам или имам многу работа , или од некоја друга причина не можам некое време да вежбам ? , вели Др Тифо. Одговорот е дека ова не би требало да представува некој голем проблем.Истражу – вањата покажуваат дека и кај луѓето и кај животните регулирањето на шеќерот во крвта брзо се доведува во нормала кога повторно се воспостави активноста.

Скокот на шеќерот во текот на неактивноста е нормален , дури и неизбежен , земајќи во предвид дека на мускулите кои не се користат им е потребна помала енергија така да земаат помалку шеќер од крвта.

Оваа состојба станува сериозен проблем, вели Др Тифо , кога неактивноста трае, кога станува вообичаена состојба на организмот.” Наша предпоставка е дека неактивноста создава физилошки услови кои доведуваат до хронични болести “ вели тој.

Носете педометар ако тоа ве натера да се движите повеќе.” Не морате да трчате маратон , но доказите јасно покажуваат дека е потребно да се движите “.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.