ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА И СЛАБЕЕЊЕ



vizuelizacija i mrsavljenje

Верувале или не но тоа што го мислите и сликите кои ги “ создавате “ во главата имаат големо значење за вашиот живот.Ова е моќна сила која ја имате и која може – буквално преку ноќ – да ви го смени животот во позитивна смисла.Името на оваа сила е визуелизација...


Способност да гледате е достигнување на целите

Визуелизацијата има неверовајтна сила.Многу лесно може да ги замислиме сликите
на разни настани кои сме ги доживеале,победите на омилените спортисти па дури
и страните на букварот од кој сме учеле да читаме.Најубаво од се е да визуелизацијата може да се искористи како значителна помош при слабеењето ! Се што треба е да се опкружите со визуелни знаци и симболи и тука е голема шансата да се достигне целта! А визуелни знаци можат да бидат на пр : сликата како сакате (или несакате ) да изгледате,разгледници кои ќе ви претставуваат одмор со кој себеси ќе се наградите поради остварената цел,фотографии на местата кои сакате да ги посетите...Овие слики можат да ве поттикнат дури и кога не се во вашиот видокруг.Гледањето е верување,гледањето е исто така и достигнување.


Како работат визуелните знаци и симболи ?

Најпрво да погледнеме како мозокот ги процесуира информациите.Умот едноставно неможе да меморира 36 милиони бајти визуелни податоци со кои сме бомбардирани секоа секунда.Така свесниот ум не се мачи и повеќето информации проаѓаат и се процесуираат на некое друго место.Специјалистката, Ami Hachens тврди дека 99 % од учењето се одвива на несвесно ниво.Таа тврди дека гледањето доминира во мозочните активности и однесувањето.Она што го глеадме одредува на кои начин ќе реагираме.


Гледање добри работи

На вашиот мозок му е потребена метода на филтрирање на хаосот за да заклучи за она што е важно.Ова е моментот каде се вклучува науката.Посебен систем во мозокот сортира милиони податоци,чинејќи да сте свесни само за одредени работи.
Тој го усмерува вашето внимание само на детали кои не сакате да ги пропуштите,како што е на пр:можноста да го слушнете своето име во масата.

Дали некогаш сте купувале или изнајмувале стан?Еднап кога свесно ќе донесете одлука ова да го направите веројатно ќе ги приметите знаците “на продажба” или “се изнајмува” поставени на сите страни.Всушност,овие знаци веројатно на исто место се со месеци но вие сте ги приметиле прв пат кога вашиот приоритет е “регистриран” во вашиот ретикуларен активациски систем (дел од мозокот кој е одговорен за сортирање на информациите.)

Слабеењето е приоритет кој може да биде регистриран на ист начин!Mari Petras,експерт зa фитнес ова го гледа како совршена причина да се запишат или визуелно означат сопствените цели.Таа објаснува дека ако имате цврст доказ како сакате да изгледате,вашата визуелизација ќе биде усмерена таму каде што е потребно.Од искуство е познато дека луѓето кои се угоени се чуствуваат беспомошно во однос на импулсот за земање на храна.Ако гледаат во поставената цел,тоа ќе им го отргне вниманието да размислуваат за храната и тие ќе направат подобар избор.


Еднаш кога ќе ги напишете своите цели или ќе ги визуелизирате,вашиот мозок почнува да работи во тој правец а притоа вие да не сте ни свесни.Ќе ги приметите луѓето кои имаат костим за капење како вие што сакате,ќе ги видите шетачите и велосипедистите кои порано не сте ги приметувале,ќе ги забележите поздравите јадења на менито кои порано сте ги прескокнувале.Ќе бидете водени за да направите исправни одлуки.


Позитивни слики = Позитивен напредок

Друг начин на кои што визуелните знаци ви помагаат да ја одржите својата мотивација е силата на позитивните асоцијации.Што почесто ќе гледате позитивни стимуланси ќе се зголемува создавањето на серотонин кои е одговорен да се чуствувате добро и задоволно.Доволно често гледање на истиот симбол создава формула за позитивни реакции кои пак создаваат позитивен импулс а со тоа и позитивно чуство се пренесува исто така на остварување на вашата цел.

Dr.Stivens,психотерапевт со триесетгодишно искуство во работа со дебели луѓе,вели дека врската помеѓу сликата и мотивацијата само расте и зајакнува кога ќе почнете да постигнувате резултати.

Затоа , напишете ги своите цели веднаш,додадете ги позитивните фотографии на таа листа,напишете инспиративни пораки во вашиот потсетник,направете се што ќе направи да бидете опкружени со визуелните симболи на вашата цел.

И ќе видите успех – и во вашиот ум и во вашиот живот.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.