ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ЗАНИМЛИВОСТИ


Дали знаете кои напитоци се идеални за согорување на мастите ?Водата ,како идеален пијалок , до 2 л дневно ја надокнадува изгубената течност и потикнува исфрлање на токсичните материи.Потоа , зелениот чај ,ако го пиете во поголеми количини ја подобрува термогенезата ( согорување на калориите ) но и кафето , кофеинот од него , исто така потикнува согорување на мастите.

Житарќите се идеални за подмладување на кожата.Интегралното брашно и тестата приготвени од него се богати со минерали и со витамин Б.Интегралниот ориз е полн со протеини и витамин Б.Пченката е полна со бетакаротен и гарантира убава и здрава кожа , а муслите се пребогати со витамин Б и цинк кој на кожата и дава мекост и еластичност.

Месото кое во себе содржи што помалку липиди ( месо од мисирка, пилешко ,риба јунешко филе , телешко филе,свинско филе ) директно ги храни мускулите и не се задржува во клетките на масното ткиво.

Ако земате ленено масло со храната , ќе ја зголемите прехрамбената вредност на другите намирници.Истражувањата покажуваат дека додавањето на ленено масло во храната богата со сулфатни аминокиселини како што се ферментиарните млечни производи ( на пример јогурт ), зелка , протеини од животиско потекло, морски плодови и соја , помагаат есенцијалните киселини да се вградат во мембраната на клетката.Помешано со јогурт , лененото масло станува емулзија , па како таква телото подобро ја искористува.Лененото масло е најделотворно кога се зема со антиоксиданси како што се витаминот Е и каротенот, и некои други материи како витамин Б 6 и магнезиум.

Во продажба често се наоѓа нешто што се нарекува соја – сос , но во стварност е вода обоена со карамел, со многу сол, соино зрно третирано со хидрохлорна киселина и со додаток на шеќер. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?p=19497#19497

Дали знаете – постои и чоколадо за слабеење. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?p=17493#17493

Црвениот грав завзема трето место на листата од сто намирници најбогата со антиоскиданси.Во него има протеини , железо ,витамин Б, магнезиум и здрав холстерол.

Можете да изгубите значителен број од вишокот на килограми ако секој ден внесу – вате доза Омега 3 масни киселини и при тоа умерено да вежбате.Доволна е и прошетка од 45 минути.Рибиното масло ја зголемува еластичноста на зидовите на крвните садови и го подобрува протокот на крвта кон мускулите во текот на вежбањето.

Дали знаете дека апетитот е само желба за храна , а го стимулираат помислата или погледот на храната , а гладот е физиолошка потреба за храна а се манифестира со напнатост и грчеви во стомакот.

Кога дневно внесеме само 100 калории повеќе од тоа што ќе го потрошиме истиот
ден ќе се угоиме дури 6 кг за една година.

Маѓепсаниот круг во кои навлегуваат дебелите лица е во стварност подхранетост на истите со некои од природните материи.Тие јадат неквалитетна храна во големи количини и тоа храна во која нема природна сол ,витамини ,олигоелементи и исхраната им се базира на претерано внесување јаглено хидрати ( слатќи , бисквити сендвичи ,алкохол ) кои ја зголемуваат количината на шеќерот во крвта .Од тоа произлегува процесот на зголемено лачење на инсулин кој го зголемува чувството на глад.

Дали знаете дека 1 гр јаглено хидрати со разградување дава окулу 4 кЦал, исто како и белковините а 1 гр масти даваат окулу 9 кЦал, скоро два пати повеќе од јаглено хидратите и белковините. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=424

Би сакале да се ослободите од салото на стомакот ? Пијте три пати дневно јогурт
со понизок процент на млечна маст. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=453

Риба треба да јадете најмалку еднаш неделно , но вие не ја сакате .Наместо неа
користете ленено масло, ладно цедено нерафинирано. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=118

Морските плодови се вбројуваат во групата на месо, заедно со сите врсти на риба. Нивното месо е важен извор на белковини со висока билошка вредност и лесно е сварливо , но внимателно со лигњите – содржат голема количина холестерол.

Дали сте знаеле дека во текот на животот орагните за варење мораат да преработат
30 тони храна и повеќе од 50000 литри течност ,а доколку преку храната и водата
внесеме и бројни штетни бактерии, вируси , и други штетни материи ,желудникот и
цревата мораат да извршат уште една важна задача : оптимална заштита на организ –
мот.Танкото и дебелото црево се навјважни органи на имунолошкиот систем , затоа
што дури 80 % од заштитата на организамот се прави во нив , а посебно во дебелото
црево. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?p=3217#3217

Намирници кои што почесто треба да бидат застапени во вашата исхрана се : лук, морков , кромид ,зелена салата ,зелка ,карфиол ,брокула ,ореви ,лимон ,грашок, грав ,боранија , јаболко ,бело месо , зачински растенија , ориз , млеко ,сирење , боровница , маслиново масло ,црно вино , лосос. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=197

Феноменот наречен сурутка содржи 16 врсти на протеини ,осум минерали ,седум витамини , до 23 аминокиселини ,до 11 ензими и многу други , за здравје и развој на живите суштества , неопходни материи. www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=276

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.