ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Сокови од овошје и зеленчук-здравствена корист

 

Zdravstvene koristi sokova od voca i povrca

Голем број на наши посетители кои уште ги нарекуваме" месечари" т.е оние чиј избор е месечевата диета ) - се однесува на соковите кои можат да се конзумираат за време на постот во некои времиња од месечевите фази (знаете за овие денови во диетата кога ни вода ни чај не можат да помогнат туку нешто поконкретно),така и е настанат долниот список на сокови но се испоставило дека е многу корисно да им се препорача и на другите кои не се на месечевата диета да одвојат малку време секој ден и да внесат некој од овие волшебни напитоци.

Соковите можат да се направат многу едноставно,може и без соковник-релативно се ефтини(многу поефтини од витаминските и минералните суплементи), а благодетите кои ни ги даваат се многу големи.Поголемиот број на сокови треба веднаш да ги конзумираме по правењето бидејќи после неколку минути доаѓа до оксидација што значително ја намалува нивната вредност,и што е најбитно не се додаваат никакви додатоци,нема шеќер,мед,засладувачи...уживајте во природните вкусови какви што се!

И за крај ова е сторија за соковите кои се направени од свежо и здраво овошје и зеленчук а не од купечки сокови.Во нашата статија сигурно ќе најдете сокови кои ќе ви одговараат и чии свежи плодови ќе можете да ги најдете сезонски(не постои ни една сезона во која не може да се најде барем неколку намирници кои можат да ни послужат во подготовката на соковите).

Уживајте во свежите сокови и виталноста....!

Ананас-Сокот од ананас е добар за подобрување на функцијата на бубрезите и црниот дроб,во својот состав има една супстанца која е природен согорувач на масти,генерално му помага на телото да се освежи,исто така сокот од ананс се препорачува за лечење на ангина.

Праска-Сокот од праска го зајакнува срцевиот мускул и ја лекува срцевата аритмија,помага и при анемија и гастритис.

Црна рибизла-Сокот од црна рибизла е одличен при недостаток на витамини,анемија ,гастритис со ниско ниво на киселина,бронхитис,грип и ангина.Успешно се бори против вирусите,го зајакнува имунолшкиот систем и во својот состав содржи многу витамин Ц.

Црвена рибизла - Сокот се препорачува за кардиоваскуларниот систем,чиреви,кожни болести,реума,настинка и гихт.

Цвекло - Сокот од цвекло е одличен борец против анемијата и болест на дигестивниот тракт, го прочистува телото и го намалува крвниот притисок.Во почетокот најдобро е да се зема во мали количини (една супена лажичка)или да се измеша со сок од морков (1:1).Постепено ја намалувате количината на сокот од морков во мешавината,може да стои неколку саати во фрижидер пред конзумацијата.

Грозје - Сок од грозје помага кај умор и стрес,ги чисти бубрезите и црниот дроб и го намаува холестеролот.

Грејпфрут - Сокот од ова овошје е природен лек за несоница,го намалува холестеролот и крвниот притисок се враќа во нормала.

Јаболко - Сокот од јаболко помага кај дебелина и диабет и кај кардиоваскуларните болести како и кај боелстите на црниот дроб и бубрезите,реума,артериосклероза, жолчни камчиња и камења во бубрезите,кај хроничен колитис и одличен е за они луѓе кои имаат висока ментална активност.

Кајсија - Сокот од кајсија го зајакнува срцевиот мускул а редовна конзумација помага при аритмија.

Sokovi od voca i povrca - zdravstvene koristi

Краставица - Сокот од овој зеленчук помага во регулирање на крвниот притисок и ја подобрува состојбата на забите,косата и ноктите,се користи како диуретик.Мешавина на сок од краставица и морков помага кај реума и може да спречи појава на артериосклероза и пародетоза,оваа мешавина исто така е добра за подобра меморија.

Круша - Сокот има противвоспалително дејство и помага кај камчињата во бурезите.

Зелка - Сокот од зелката се користи за гастритис со низок степен на киселост,чир на желудник,заболен црн дроп и слезина.Ги јакне крвните садови,ја стимулира регенерацијата на слузокожата на дигестивниот тракт,го враќа нивото на масти во нормала и помага кај лечењето на рани.

Лимон - Сокот од лимон има исклучително дејство за алкализација на организмот. Меѓутоа треба да се пие со топла вода во размер 1:10

Лубеница - Сокот од лубеница е одличен за лечење отоци поврзани со кардиоваскуларни и бубрежни проблеми.

Портокал - Сокот од портокал е јак природен антиоксиданс и антиканцероген!

Калинка - Сокот од калинка е одличен за опоравување од тешки болести или операции и помага кај анемија.

Морков - Го подобрува видот,го јакне телото и му помага побрзо да закрепне после болеста или ментална и физичка исцрпеност.Лечи чир на желудник и помага против анемија,рак и туберколоза.Сокот од морков го зголемува апетитот,ги зајакнува забите и го зајакнува имунолошкиот систем.

Вишна - Сокот од вишна помага против запек,го подобрува метаболизмот,го зајакнува имунолошкиот систем,го зголемува апетитот и се користи против кашлање за чистење на грлото.

Домат - Сокот од овај зеленчук е одличен за диети и го зајакнува имунолошкиот систем.Полн е со минерали,микро елементи и природни антиоксиданти и витамини.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.