ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Знаци кои покажуваат дека диетата која ја користите не е за вас

 

Да бидеме реални-Интернет сајтовите се преполни со диети кои " ветуваат" дека со нивна помош ќе намалите 6-7 килограми неделно.Да бидеме уште малку пореални: многу од тие диети сме пробале со малку или повеќе успех или неуспех.

Меѓутоа,стручњаците предупредуваат дека нетреба толку лесно да се почне со диета за брзо слабеење бидејќи тоа може повеќе да ни наштети отколку да се има корист.Иако постојат голем број различни видови на диети - суштината на сите е намалување на бројот на внесените калории по оброк.По правило,после овие диети,корисниците ја враќаат тежината побрзо одколку што ослабеле.

За да се спречи враќањето на килограмите и губењето време со несоодветна диета,ви даваме список на знаци со чија помош можете да одредите дали одреден начин на исхрана односно диета ви одговара или не.

Како да препознаете диета која не ви одговара:

Чувство на глад. Еден од јасните знаци за несоодветна диета е чувството за глад.Ако во текот на држењето на одредена диета чувствувате неподнослив глад тогаш таа диета не е за вас.Ако диетата е правилна-нема силно чувство за глад додека ја држите.

Лошо Расположение. Генерално,диета во која се користат неколку исти производи пет или повеќе дена-дефинитивно таа диета не е за вас.Ова значи дека вие го лишувате своето тело од различни неопходни супстанции,витамини и минерали.Ова несомнено делува на вашето здрвје и на нормалното функционирање на органите .Недостаток на хранливи материи во исхраната директно делува на вашето расположение.Недостаток на витаминот Б или магнезиумот може дури да предизика депресија.Со ваков став тешко е не само да се ослабе туку и било што друго да се прави во животот.




Влошување на здраствената состојба. Диетата која не ви одговара може да ви го наруши здравјето.Оваа опасност е повеќе изразена кај диетите што траат предолго.На пример,протеинската диета ја намалува тежината брзо но премногу протеини во исхраната ги исцрпува бубрезите и јетрата.

Изглед.. После една седмица од почетокот на диетата,може ќе приметите дека изгледате полошо: кожата ке поприми сивкаста нијанса,косата ке биде крута и без сјај а ноктите ќе се лупат.Ова се сигнали дека на вашето тело итно му се потребни протеини,витамини и минерали.

Еднолична (монотона) исхрана. Можеби најлошиот тип на диети се оние кои се базирани само на еден прехрамбен продукт на пример јогурт,ориз или леќа.За да функционирате нормално на телото му се потребни одредени количини на масти,протеини,јаглехидрати,минерали и витамини.Ако јадете само еден прехрамбен продукт тоа нема да му ги обезбеди на телото неопходните хранливи материи, а и вашиот психички статус нема да биде ни малку сјаен: едноличната (монотона) диета носи и едноличен (монотон) живот.

Основна листа на неопходни постапки за правилно избрана диета се:

-Диетата не треба да има непожелни пропратни појави.


-Треба да биде безбедна за човечкиот организам.


-Намалената телесна тежина треба да биде во рамките на нормалните вредности.


-Прехрамбените производи треба да ги соджат сите потребни хранливи материи (амино киселини,минерали,масни киселини).


-Неколку дена по користењето на избраната диета не треба да имате силно чувство на глад.




И секако, консултирајте се со стручно лице пред диетата за да таа понатака продолжи во најдобар ред - изгубените килограми да не се вратат и да ви се подобри здравјето.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.